Code of Ethics

ЕТИЧКИ КОДЕКС

Еден од основните принципи за работа на Агенцијата за електронски комуникации е етиката. Сите вработени во Агенцијата се обврзани да го почитуваат воспоставениот етички код во однос на професијата и на општеството. Овој етички кодекс е базиран на четири основни постулати, кои Агенцијата сака да ги промовира преку овој настан, како вредности врз кои треба да се градат младите професионалци, и истите се имплементирани во основата на натпреварот и сите поврзани активности. Агенцијата за електронски комуникации очекува и бара од учесниците и соработниците за овој натпревар да ги почитуваат основните етички постулати наведени подолу во овој текст. Во случај на не почитување на етичкиот кодекс, Агенцијата за електронски комуникации го задржува правото во случај на повреда на етичкиот кодекс, за дисквалификација на учесник илои прекин а соработка со органзииции и поединци кои не се придржува до барањата наведени во овој документ. Овие столбови се:

ПРИНЦИПНАСОКИ ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
Делување со интегритет
  • Отфрлување на било каков интерес, предрасуди или конфликти кои можат да го спречат давањето на непристрасни, објективни и компетентни професионални услуги
  • Обезбедување на услуги согласно релевантните професионални стандарди и добри практики без разлика на проблемите и тешкотиите кои можат да се јават
  • Обезбедување на конзистентни и сигурни услуги
  • Избегнување на соработка и професионални релации со оние кои имаат покажано недостаток на интегритет или непочитување на било кој од етичките столбови
Заштита и промоција на професијата
  • Поддршка на професијата преку споделување на етичкиот кодекс и промоција на важноста и значењето на компетентноста, должноста и интегритетот
  • Евалуација на нови техники, алатки, производи и услуги кои можат да се користат во професијата и да го помогнат нејзиниот развој и напредок
  • Учество во развојот и/или подобрувањето на постојните стандарди, добри практики, насоки, алатки и продукти
  • Поддршка на колегите во придржувањето кон етичкиот кодекс и помош на сите оние (особено младите) кои сакаат да станат дел од професијата
  • Помош во воспоставувањето и зачувувањето на вербата и почитта кон професијата од страна на пошироката јавност
Служење на општеството, граѓаните и професијата
  • Обезбедување на услуги кои можат да придонесат со нови вредности и подобрување на општеството како целина
  • Прифаќање само на задачи за кои постојните компетенции и искуство гарантираат дека ќе биде извршена професионална работа
  • Заштита на информациите на клиентите и соработниците, во нивен интерес и согласно нивните желби
  • Обезбедување на услуги во согласност со највисоките релевантни стандарди
Одржување на професионална компетентност
  • Следење и усогласување со последните релевантни стандарди, насоки, алатки, производи и услуги
  • Широко познавање и разбирање на правните закони и регулативи кои се однесуваат на (или се поврзани со) професијата
  • Постојано следење и користење на можностите за зголемување на компетенциите и искуството
© 2021 Silensec - All rights reserved